На 04.08.2024 во 17.40 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (43) години од Охрид и мотоцикл марка „кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (36) години , од Охрид.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.
Редакција