ГФК Охрид Лихнидос го комплетира ростерот за престојната сезона со наредните шест играчи кои што тренираат со екипата од самиот почеток на припремите.
Сашо Дуков – 29-годишниот напаѓач со своето големо искуство се очекува да биде од огромно засилување за нашата напаѓачка линија. Дуков во претходната сезона настапуваше за екипата на Саса каде што постигна десет погодоци. Во својата кариера Сашо Дуков има настапи и за Силекс, Тиквеш, Напредок, Пелистер, Вардар Неготино, ОФК Београд, Росоман и Кожуф.
Матеј Андов – ГФК Охрид на својот гол ќе го има перспективниот чувар на мрежата Матеј Андов. 22-годишниот Матеј беше стандарден репрезентативец во младинските категории (У15, У17, У19 и У21). Андов во својата кариера има настапувано за Вардар, Работнички, Кадино, Осогово, и Силекс.
Албнор Каба – 21-годишниот Каба настапува на позициите централен дефанзивец и заден везен. Каба во својата кариера има настапувано за екипите на Шкендија, Воска, Караорман, Велешта и албанскиот Кукси.
Димитриј Попоски – на левата бековска позиција ГФК Охрид се засили со Димитриј Попоски. 21-годишниот Попоски кој што има 42 настапи во првата македонска лига доаѓа од екипата на Силекс, а има настапувано и за екипите на Борец, Работнички и Тетекс.
Нови членови на ГФК Охрид истотака се младите и талентирани Давид Голубов и Стефан Колевски кои што ќе ја засилат напаѓачката линија. Голубов ги има поминато младинските категории на Вардар и Кул, додека пак Колевски има настапувано за младинските категории на Работнички.