АктуелноОхрид

Пецаков: Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси – Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации

Денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното. Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси.
На помош денеска дејствуваат и два хеликоптери на МВР и АРМ, како и три авиони за гасење пожар.
Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.
Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.