Наш ИзборНаш изборОхрид

Во ноќен клуб во Охрид, кај лице од Прилеп, полицијата пронашла бела прашкаста материја

На 03.08.2024 во 03,15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, извршија преглед врз А.М.(29) од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид