петок, ноември 22, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Во Охрид Н Е М А убиство ниту избодени лица со нож !!!

Од утрово низ Охрид, а преку социјалните мрежи и низ цела Македонија се шири ЛАЖНА ВЕСТ дека во една дискотека градот се случила масовна тепачка во која имало мртви и провредени.

Оваа информација е целосно НЕВИСТИНИТА и таков инцидент во градот НЕ СЕ СЛУЧИЛ.

Оваа „рекла казала“ приказна се прошири низ Охрид утрово, а потоа се прошири и на социјалните мрежи каде не одговорни поединци постираат такви тврдења на нивни профили, како и во коментари на профили од повеќе медиуми во земјава.

Попладнево неодговорни или злонамерни поединци почнаа да објавуваат постови во кои бараат медиумите да ја објавеле вистинита и да не го криеле случајот ( кој е измислен од некој и воопшто не се случил )  од народот, со што само дополнително свесно или несвесно се обидуваат да креираат негативна енергија и оформуваат лоша слика за Охрид низ народот.

Претходно Ohrid1.com објави информација дека концертите кои синоќа се одржаа во Охрид поминаа без сериозни инциденти и без грозоморни и  трагични настани, а веста од страна на поединци веднаш беше „нападната“ како лажна.