АктуелноОхрид

Општина Охрид презема конкретни чекори за градење отпорност кон ризици од катастрофи

На 9-ти јуни 2024 година, со поддршка на УНДРР (Канцеларијата на Обиденетите нации за намалување на ризици од катастрофи за Европа и Централна Азија) се одржа наменска работилница за проценка на отпорноста на општина Охрид со цел да се согледа капацитетот и моменталните состојби на општината за исполнување на кретириумите и очекувањата од оваа Иницијатива.

„Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) претставува иницијатива за подобрување на локалната отпорност преку активности и мерки за споделување на знаења и искуства, воспоставување на мрежи за соработка,  обезбедување на техничка и експертска поддршка, поврзување на релевантните служби од од централната и локалната власт, градење на партнерства за соработка, како и други активности за намалување на ризиците од катастрофи кои имаат негативни влијанија за животот и здравјето на граѓаните, материјалните добра, инфраструктурата и економскиот развој на општините.

Препознавајќи ги овие можности и придобивки, општина Охрид е една од првите три општини од Република Македонија која во соработка со Центарот за управување со кризи ги превзема конкретни чекори за приклучување на оваа иницијатива.

На работилницата присуствуваат претставници од соодветните служби во рамките на општина Охрид, претставници од Центарот за управување со кризи и тематски експерт од УНДРР. За време на работилницата беше одговорен сеопфатен Прашалник врз основа на кој се определува моменталната состојба, односно се мери нивото на отпорност на општината и се доделува соодветна фаза на достигнување, како појдовна основа за понатамошните активности.

Изработен е извештај кој ги опфаќа сите тематски области кои беа предмет на анализа и евалуација. Со извештајот се дадени соодветни препораки кои во наредниот период треба да се претворат во конкретни активности и да се постигнат видливи резултати.

Со реализацијата на овие активности, општина Охрид заедно со општините Гази Баба и општина Ѓорче Петров,  кои исто така изразија подготвеност да се приклучат кон оваа иницијатива практично се првите општини од Македонија кои официјално се приклучија на оваа глобална акција и со тоа заслужено се најдоа на објавените вести на Веб страната на УНДРР (North Macedonia take steps to enter the 2030s with greater resilience | UNDRR).

Повеќе активности во врска со Иницијативата MCR2030 се очекуваат од септември оваа година.

извор: ОхридПрес фото: архива