Наш изборНаш ИзборОхрид

Денес припадници на Армијата ќе реализираат тактичко-технички активности

Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот , на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.