АктуелноОхрид

IN MEMORIAM- Почина Мирјана Мијалкова , поранешен новинар во Радио Охрид

Денеска во 76 година од животот по кусо боледување почина Мирјана Мијалкова,
поранешен новинар и одговорен уредник во Центарот за печат и радио Охрид.
Мирјана Мијалкова роден Стевчева животниот пат го почнува во Куманово а од раното
детство живее во Охрид.
Завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“
во Скопје.
Од 1986 до 2003 работеше како новинар , а потоа до 2006 година беше одговорен
уредник во Радио Охрид.
Претходно во Штип го уредувала весникот на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ а била соработник и на
Радио Штип.
Мијалкова во текот на работниот век извршувала и други општествени функции. Била
претседател на поранешниот СИЗ – за култура во Штип и претседател на КОПАЖ во
комбинатот „Црвена Ѕвезда“.
Посмртните останки на колешката Мирјана Мијалкова утре од 12.00 до 12.30 часот ќе
бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид каде ќе биде и погребана.