Светата Црвка секој ден врши помен на своите светители. Но, бидејќи има угодници Божји кои се подвизувале незабележано, и не ѝ се јавно познати на Црквата, за да и нив не го остави без чествување, Светата Црква установила ден во којшто ги прославува сите што Му угодиле на Бога, во сите векови, за да не остане никој кого Таа не го прославува.
Да се извршува ова празнување во неделата после слегувањето на Светиот Дух е устроено затоа што сите светители станале и стануваат свети преку благодатта на Светиот Дух. Благодатта на Светиот Дух носи покајание и оставање на гревовите, таа воведува во борба со страстите и похотите и го овенчува тој подвиг со чистота и бестрастие.
На тој начин се јавува нова твар, погодна за новото небо и за новата земја. Да ревнуваме и ние да ги следиме светителиите Божји. Како тоа да го направиме нè поучува Евангелието во оваа недела на сите свети: тоа вели дека треба бестрашно да ја исповедаме нашата вера во Господа, да имаме љубов првенствено кон Него, да го подигнеме крстот на самоодрекувањето и срдечното разврзување од сè што нè сврзува со земјата. Да ставиме почеток на тоа што нѝ е укажано.
denovi.mk