АктуелноОхрид

Јаневска: Охридската гимназија воведува едносменска настава, ги охрабрувам и другите да го следат овој пример

Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Министерката за образование и наука (МОН) Весна Јаневска ги повикува и ги охрабрува и другите општини и училишта да го следат овој пример.

Една од целите во програмата со која настапивме пред граѓаните е едносменска настава во училиштата. Тоа ќе значи помалку трошоци, односно буџетски заштеди кои би можеле да се алоцираат во други инвестиции за поквалитетно образование. И оваа цел, во соработка со општините веќе почнуваме да ја остваруваме.

Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Локалната самоуправа и училишното раководство ја препознаа придобивката од нашата иницијатива и успеаја да најдат начин како тоа го изведат. Секоја чест!, вели Јаневска.