Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Црвен крст со активности за заштита од топлотниот бран

Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран.
💧❤️ Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи им делеа вода и им даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.
🤝 Акцијата ја помогнаа маркетите „Тамаро“, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.
☀️ Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.