понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец – вршел ископ на карпа на државно земјиште и ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 69-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

– Пријавениот, од мај 2024, во својство на инвеститор на катастарска парцела во сопственост на државата, извршил ископ на карпа – природна реткост, со што ја нарушил стабилноста на столбови за пренос на електрична енергија и поставил бетонска плоча со која узурпирал државно земјиште, информираат од МВР.

извор:МВР