понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Донев: Чест и задоволство ми претставуваше извршувањето на функцијата Претседател на Советот на Општина Охрид, служењето на народот сега го продолжувам како пратеник

Особена чест и задоволство ми претставуваше извршувањето на функцијата Претседател на Советот на Општина Охрид. Во овие без малку три години како совет донесовме важни одлуки кои ја манифестираа нашата одлучност за воведување ред, реализација на ветените проекти, финасиска стабилизација на Општина Охрид и јавните претпријатија, решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните со процесуирање на наталожените предмети… Верувам дека и понатака Советот на Општина Охрид ќе продолжи по истиот пат и со истото темпо на работа, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.

Во објавата Донев додава:

Служењето на народот сега го продолжувам преку моето делување како пратеник во Собранието на Република Македонија и уверен сум дека за многу скоро време токму од таму ќе произлезат одлуки кои се од голема корист за Охрид и охридскиот регион.
На новиот Претседател на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, му честитам за изборот и посакувам успешно вршење на функцијата. Исто така упатувам честитки и до новоизбраниот советник Александар Здравески и му посакувам успешно, чесно и достоинствено вршење на функцијата.

Извор: ФБ Сашо Донев