Дозволете ми од името на Општина Охрид да Ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам. Со искрени желби посакувам овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба .
Нека овој празник биде мостот кој не поврзува и потсетник дека само заедно и обединети можеме да се справиме со предизвиците кои ги носи денешницата. Во духот на вековната традиција на соживот – Курбан Бајрам, е и синоним за меѓусебно почитување без разлика на верска, етничка или било која друга нацинална припадност и токму тоа нека биде повод сите заедно да се радуваме, се вели во објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.
Честитка од Пецаков за Курбан Бајрам: Со искрени желби посакувам овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба
Редакцијајуни 16, 2024
posted on