Наш изборНаш ИзборОхрид

Повеќе часа без вода неколку улици низ Охрид, поради настанати дефекти

Поради два одделни настанати дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Никола Карев“ , „Мирче Ацев“, „Лазо Трпоски“ , „Ванчо Питошески“ , „8ми Септември“ и „Карпош Војвода“ (прв дефект) и сите улици од горната зона на стариот дел на градот (втор дефект).
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санациите.