Нашите, срца денес навистина беа исполнети со благодарност кон Бога што по Својата чудесна промисла не донесоа денеска во Соборниот Храм Св.Никола с.Враништа.Токму на денешниот празник посветен на Св.Жени Мироносици. На празникот на сите жени кои се заветиле на чесниот брак во Христа; кои го избрале подвигот да подигнат семејство и преку тоа да градат едно здраво христијанско општество. Токму на денешниот ден имавме величествен светол момент кога од страна на нашиот парохиски свештеник отец Ристе беше извршена Светата Тајна Брак на шест брачни парови кои долги години биле во граѓански брак и од различни причини не го потврдиле со Божји благослов. Ете денес по Божја промисла се решија да го сторат истото, нивниот брак да биде од Бога благословен. Нека бидат од Бога благословени, на многаја лета, информираат од Храмот Св.Никола во Враништа.