👉🏻 На ден 15.5.2024 во просториите на Црвен крст Охрид младите волонтери го избраа новото раководство коешто ќе ги води во наредните две години односно за време на мандатот 2024 – 2026 година на овогодинешните избори ☺️.
⭐ На изборниот состанок право на глас остварија 43 членови на Црвен крст Охрид, со што изборите поминаа според сите регуларности и правила 😁. За тоа се погрижија телата формирани за реализирање на изборите т.е. работното претседателство кое се состоеше од Борче Исакоски како претседател, Калина Стојаноска и Методија Стојаноски, комисијата за гласање составена од Ивана Котеска – претседател, Сара Петковска и Стефанија Битолкоска, записничар – Ѕвездан Јончевски и неговиот оверувач – Петар Целакоски 😊.
✨ Изборниот состанок го отвори лидерот во заминување Борче Исакоски во присуство на волонтерите, кандидатите за ново раководство кои ги претставија своите програми, членовите, и претставници на општинската организација т.е. секретарот Мимоза Ставрева и стручните работници Даниела Вељановска и Ранко Раткушиноски 😊.
❗За нов лидер на Клубот на млади со мнозинство гласови беше избран Иво Георгиески, додека за заменик – лидер Сара Петкоска 💫. За членови на координативното тело беа избрани кандидатите : Анастасија Атесленко, Софија Стојаноска, Теона Талевска, Давид Тризагароски и Ангел Крстески ☺️.
🫶🏻 Се заблагодаруваме на сите оние кои присуствуваа на изборниот состанок, на досегашното раководство на Клубот на млади кои успешно и напорно ги водеше волонтерите изминатите две години, и му посакуваме среќа на новото раководство да продолжи да го прави истото во наредниот период.
Избрано ново раководство на клубот на млади при Црвен крст Охрид – за нов лидер избран Иво Георгиески
Редакцијамај 17, 2024
posted on