Охриѓанката Теа Донева од Боречкиот Клуб Аждер од Охрид го освои првото место на меѓународниот турнир во борење „Крали Марко“ кој се одржа денес во Прилеп. Нашата претставничка која се натпреваруваше во категорија до 56 килограми лесно ги совладата конкурентките и успеа да се искачи на пиедесталот за шампионското место. Ова е нејзин прв турнир од кој се врати со максимален резултат.
Теа Донева има 14 години , тренира под менторство на Иле Спасески и засега е единствена девојка која е дел од големиот број членови на Боречки Клуб Аждер во Охрид, кој е релативно нов клуб во градот и преку кој борењето како спорет сериозно влегува меѓу младите во градот.