среда, ноември 20, 2024
АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Донев: Македонецот повторно ќе владее со Македонија

Сега веќе избраниот претеник од Охрид, Сашо Донев обраќајќи се пред насобраниот народ кој ја славеше победата на ВМРО ДПМНЕ ( која партиски не определените граѓани на Македонија ја доживуваа како ослободување ) рече дека од сега чесниот народ на Македонија ќе владее со државата.

Тој во своето обраќање кое содржински никако не може да се оцени како обраќање кон членови на неговата партија, туку како обраќање кон непартиски народ кој најверојатно има различни политички ставови, но се обедини околу целта да се ослободи Македонија напомена дека од сега Македонија ќе ја владее Македонецот, алудирајќи на т.н. апартхејд кој во пракса функционираше во државава, но ги наброја и сите останати етички заедници во земјава.

Донев потенцира дека ВМРО ДПМНЕ според бројките кои ги освои, а од кои јасно се гледа дека за партијата не само што гласало членството, туку гласало повеќе од половина од народот кој излегол на гласање станува јасно дека партијата добила триумфална поддршка од чесниот народ, која на еден „востанички“ начин ја крена ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт и го исфрли СДСМ на маргините,  но со тоа и им зададе уште голема обврска да расчистат со целокупното криминално наследство на дуото ДУИ и СДСМ ида ја вратат државата во живот со сите нејзини институции.

https://www.youtube.com/watch?v=MvjdJOGaNeo