На 07.05.2024 година во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава