Ве известуваме дека на 17.06.2022 година (петок) во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена јубилејната изложба ПОЛОВИНА ВЕК СОВРЕМЕНА КАРИКАТУРА од авторот Блаже Докуле, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Блаже Докуле роден во 1953 година , дипломирал право во Битола. Црта непрекинато од 1971 година , негови карикатури се појавуваат во голем број публикации, како ,,ЕКРАН “ , ,,ОСТЕН “ , ,, НОВА МАКЕДОНИЈА “ , ,, БИТОЛСКИ ВЕСНИК “ , ,,СТУДЕНТСКИ ЗБОР “ , ,,ВРЕМЕ “ , ,,ЈЕЖ “ , ,,ОСМЕХ “ , ,, НОВОСТИ 8 “ , ,, МАСЕДОНИЈА ЊУС “ , ,, БЕЗ НАВРЕДА “ , ,, ТЕА КРСТОЗБОР “ , ,, СЛОБОДЕН ПЕЧАТ “ , ,, РЕПУБЛИКА “ , ,, БОРБА “ , ,,ТРУДБЕНИК “ , ,, К ОМУНИСТ “ и многу други. Припаѓа на третата генерација македонски карикатуристи која се појавува околу 1970 година, генерација со силен нов бран во светот на домашната и светската карикатура. Најнапред црта под влијани на француските мајстори на еротска карикатура Ласлави и Ховив , потоа силен впечаток му оставаат Борн, Барток и Забрански, а ги почитува и домачните автори Костовски , Анѓелкоски, Бороевиќ, Пејчинов, Игњат, Џајков, Филипов Јоциќ и неговиот наставник од основно училиште Петровски . Црта класична карикатура со особен свој стил како и стилизиран и ,, чист “ кроки стил на Волински и Рајзер . Блаже Докуле отворил три самостојни изложби во Книн 1980 година Битола 1999 година и во Струмица 2001 година. Добитник е на над 50 меѓународни и домашни награди од Кореја, Русија, Турција , Романија, Словачка меѓу нив и 4- ти Ноември – Битола и В. П. Цицо за животно дело како и ,, Гран при “ златени, сребрени и бронзени плакети. Наградуван е и за новинарство стрипови и хумуристични текстови . Блаже Докуле е најпечатениот автор во македонската карикатура веќе 50 години со непрекината работа, додаваат од НУ Завод и Музеј Охрид.