Пред големиот христијански празник Велигден, ги украсивме дрвјата и украсните садници во градскиот парк
Се уреди дрворедот по ул. Македонски Просветители со надополнување на декоративен камен околу садниците
Дежурните екипи секојдневно се на терен со многубројни активности : косење на трева, тековно шишање на украсни грмушки, обновување на леите со цветен расад, плевење, отстранување дива вегетација и ниска вегетација од тротоари
Се спроведоа активности поврзани со одржување на јавното зеленило во село Пештани, детските игралишта, населба Христо Узунов, ул.Мирка Гинова, ул.Сирма Војводa, ул. Булевар Туристичка, кружна сообраќајница ул.15 ти Корпус, ул. Железничка и секојдневно косење во градски парк, информираат од ЈП Охридски Комуналец.