Раздор во ОО СДСМ Охрид. Што се случува во СДСМ Охрид после фијаското од првиот круг претседателски избори?
Дознаваме дека по изборите дошло до конфронтација помеѓу Симе Стефаноски и претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Депотовска која го обвинила него за поразот, по што тој сакал да даде оставка , а претседателката му рекла: „ Нема ти да дадеш оставка туку ние ќе те разрешиме“.
Ова предизвикало уште поголем конфликт во ОО на СДСМ . Конфликотот се продлабочил по што цели групи од СДСМ преминуваат во ЗНАМ, а извесно е и дека обвинетиот и наклеветен Стефаноски како жртва на внатрешни озборувања и манипулации ќе замини во ЗНАМ.
Инаку, дознаваме дека претходно СДСМ изготвиле списоци на нивни „сигурни“ гласачи кои пак не излегле на гласање и кои требало да бидат „одработувани“ помеѓу двата круга (вакви гласачи во Охрид имало многу). Овие списоци пак, се стигнати во ВМРО ДПМНЕ и во ЗНАМ. Ова значи дека и овие две партии можат да го следат однесувањето на овие гласачи
Инаку Симе Стефаноски меѓу Охриѓани е познат како многу коректен човек, а во моментов е жртва на клевети и внатрепартиски местенки.
Од СДСМ Охрид изминативе денови по изборниот циклус нема ни трага ни глас, буквални ги нема ни на социјлните мрежи, освен Жаклина Лазареска која е повторно кандидат за пратеник од ИЕ 5 и која напиша статус на ФБ преку кој порача дека ќе се борела до крај и покрај тоа што нејзината матична партија во Охрид има многу помалку гласови од тоа што е потребно и за едно пратеничко место.