АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Пецаков и Тошковски – Просторот на СВР Охрид надземно ‘ќе биде убав парк, а подземно катна гаража

Еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија е просторот на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Во рамки на посетата на СВР Охрид и средбата со градоначалникот на Охрид пред неколку дена ја зачнавме идејата за дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира, а на местото на постоечкиот објект, да биде изграден подземен паркинг и парк кој ќе биде уште едно место за рекреација на граѓаните на Охрид.
Во тој контекст денеска заедно со градоначалникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, Христијан Мицкоски на лице место му ја презентиравме замислата за овој проект, а за чија реализација несомнено ќе треба поддршка од идната Влада.
Од негова страна добивме уверување дека ќе даде целосна поддршка на проектот со цел да се овозможи поголем комфор во централното подрачје на Охрид каде особено за време на летната туристичка сезона има голема фреквенција на луѓе, а во исто време на полициските службеници кои работат во СВР Охрид ќе им бидат овозможени подобри услови за работа и посоодветна локација од која многу полесно и поефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи, напиша на својот ФБ профил, министерот Панче Тошковски.

https://www.youtube.com/watch?v=tTwwaNic86M&ab_channel=Ohrid1%2FNews1