МагазинНаш ИзборНаш избор

Мало девојче кое по долго чекање доби ново срце конечно си замина дома, со радост и аплауз

Имено, 4-годишната Арктура чекала 1.025 дена за конечно да ѝ биде трансплантирано срце од донор. Таа беше оперирана на 29 март, а сега во добра здравствена состојба ја напушти болницата во Тексас.

„Го сакам моето ново срце“ – рекло слаткото девојче, кое со нетрпение чекало повторно да го посети локалниот парк. Таа беше испратена од болница со поддршка и аплауз.

„Го чекавме ова срце 1.025 дена. Трансплантацијата беше на 29 март, а во 6 часот и 17 минути ни кажаа дека нејзиното ново срце започна да чука“ – изјави нејзината мајка.

„Ќе речам дека тоа беше веројатно првпат од ноември 2021 година, ние да се чувствувавме како да можеме да дишеме повторно“ – дополнила таа.

Арктура е родена на 1 април 2020 година со конгенитална срцева маана. Првите седум месеци, таа морала да ги помине во болница под постојан надзор, по што ѝ била направена операција.

Како што растела, трикуспидалната валвула на Арктура не се формирала како што треба, предизвикувајќи проблеми со протокот на крв низ срцето. Нејзиното срце се зголемило во обем, што довело до потешкотии и во работењето на белите дробови. Извесен период, родителите забележувале дека симптомите се влошуваат и дека таа повраќа и тешко дише, па веднаш ја одвеле во болница. За жал, нејзиното мало срце почнало да откажува.

Храбрата хероина чекаше речиси три години за ново срце и конечно доби втора шанса за живот. Трансплантацијата траела 8 часа.

 

 

femina.mk