петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков со факти околу неговата прозивка за изградба на хотел во месноста Горица

Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес на јавноста сакам да ги изнесам следните факти:
👉Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.
👉Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.
⁉️Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото.
‼Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.