Пожарот на Шар Планиа е проширен, известуваат од Јавната установа Национален парк „Шар Планина“.
Тетовските пожарникари од утрово се на терен, а во гасењето помагаат и околните жители.
Денеска се очекува помош од воздухопловните сили, кои и во текот на вчерашниот ден беа на терен.
Се заканува пожарот да стигне до селото Селце и да ги загрози куќите. Пожарот е тешко пристапен на оддалечен терен, на локација која горела и преходно. Во саботата беше ставен под контрола, но поради неповолните временски услови, состојбата се влоши.
извор: ТВ21