среда, ноември 20, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски

Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство.
Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Од страна на организаторите и фамилијата Наумовски произлезе иницијатива за именување на плоштадот кај „Мини Маркет“ во Плоштад „Вангел Наумовски“. Оваа иницијатива со задоволство ја прифаќам и ја иницирам постапката за прифаќање на оваа иницијатива и со тоа големиот Вангел Наумовски да добие заслужено место. Неодамна на овој простор од страна на Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“ беше исцртан мурал посветен на 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.