МагазинНаш ИзборНаш избор

Перо -Камиказа стана дедо, му се роди внука

Кога човек ќе стапне на лудиот камен велат е убаво, иако и самиот понекогаш не е свесен дека животот комплетно му се менува од корен. Кога ќе дојде првото дете, нема посреќен од тоа дека се остварил како родител… Ако Бог даде и втро, трето… уште поубаво! Но, само оние кои ќе си дочекаат во животот барем едно внуче, велат дека е дури тоа чувство, таа радост и среќа  се неописиви. Да станеш баба или дедо е злато вредно!

Токму тоа чувство на беспрекорна радост и неописива среќа го обзема лидерот на легендарната македонска поп-рок група „Меморија“, музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа. Перо, за прв пат стана дедо, откако неговиот син Кристијан и неговата снашка Мариа за прв пат се остварија како родители.

„И конечно, официјално дедо Петре. Нина дојде на овој свет денес, да ни го направи животот бајка. Радости еден тон. Сите да си дочекате да даде Бог“ – сподели пресреќниот дедо Перо – Камиказа, покрај една од заедничките семејни фотографии направена на свадата на неговиот син и снаа, пред неколку години.