Наш изборНаш ИзборРегион

Исчезна момче во Загреб – Се вклучи и хрватскиот „Amber Alert“

Се вклучи и хрватскиот Amber Alert oткако тинејџер исчезна во Загреб во Хрватска.

Хрватската полиција трага по 13-годишниот Иван Лалиќ, кој исчезна во понеделникот во загрепската населба Ланиште.

Попладнево поради исчезнувањето на тинејџерот полицијата го активираше т.н НЕНО аларм.

НЕНО е кратенка за Националниот регистар на исчезнати лица, а алармот за граѓаните се активира преку социјалните мрежи.

Според податоците од Националниот регистар на исчезнати лица, Иван Лалиќ е роден во 2010 година, висок е 160 сантиметри, има црна коса и кафени очи.

Тој бил облечен во сини фармерки, дрес со натпис „Динамо“ и „Петковиќ“, а носел ранец во темна боја и кафени патики, пренесува „Индекс.хр“.

Хрватската полиција го пушти во функција алармниот систем НЕНО на крајот на 2022 година, а тоа е хрватската верзија на она што во САД е познато како „Amber Alert“.

Доколку се случи исчезнато дете, МВР ја известува компанијата Мета, која потоа активира предупредување или НЕНО аларм до корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во радиус од 160 километри од местото каде што последен пат било видено детето.

Во Србија полицијата уште трага по телото на двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март, а потоа се откри дека е убиена.

Извор: Фактор