Регион

Во притвор почина братот на осомничениот за убиство на малата Данка

40-годишниот Далибор Драгијевиќ, кој беше осомничен дека му помагал на својот брат Дејан во случајот со убиството на малата Данка Илиќ, починал во притворот во Бор. Нему му беше одреден 48-часовен притвор поради тоа што наводно му помагал на својот брат да се ослободи од телото на убиената Данка.

Според информациите, во раните утрински часови на Далибор му се слошило, и покрај тоа што реагирале навреме полициските службеници, сепак, тој починал во 3:10 часот. Од страна на лекарите е констатирана смрт.

За случувањата веднаш е известено Вишото јавно обвинителство кое наложило обдукција.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се уапсени поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ. Дејан го признал злосторството, додека Срѓан се бранел со молчење.

Притоа полицијата ги уапсила и Раде и Далибор, таткото и братот на Дејан, кои се осомничени дека му помагале да го премести телото на Данка. Тие денеска требаше да бидат сослушани.

Извор: Република