АктуелноОхрид

25 години од загинувањето на Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта

На денешен ден во 1999 година кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта

Ден денес за смртта на Благојче, професионален војник во АРМ и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче.

Според колегата, пред завршувањето на смената заминал да се бања, а во тоа време Благојче го поправал неговиот часовник на балконот бидејќи знаел да поправа некој проблеми на часовниците за кои се интересирал уште од детството. Кога колегата излегол од бањата се слушнале неколку кратки рафали од автоматско оружје, тогаш Благојче ја зел пушката, и тоа без снајпер, и трчал кон местото, а колегата бил едно 200м зад него.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Во 2017 во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски.

Вечна му слава!!!