На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67 и 37 годишни лица, двајцата од Охрид. Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри .. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид