четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

Физички нападната и ограбена 53-годишна жена на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид

На 28.03.2024 во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички нападнало 53 годишна Охриѓанка и ѝ одзел пари. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: СВР Охрид