АктуелноОхрид

Пецаков: Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО

Денска заедно со мојот тим остваривме работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија која беше составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и Националниот координативен тим од Македонија.
Во моето излагање ја потенцирав силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион. Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите.
Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков