АктуелноОхрид

Крлеска Деспотоска: Јавно ги демантирам изнесените лаги од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ и Китески

Демант од страна на Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, на соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ

Јавно ги демантирам изнесените лаги од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ и Китески.

Лесно е да застанеш пред Јавното обвинителство и да расфрлиш од ракав некакви си изреки, па да мислиш дека зад тебе имаш маса народ која ти верува.
Немаш маса народ Китески, туку ги имаш на тебе сличните кои се задоволни кога некоја личност директно се линчува, бидејќи тоа е карактерна особина на ДПМНЕ.

Наместо да ги трошите парите на мене и на СДСМ, потрошете ги на народот кој чека нешто да направите откако сте дојдени на власт.

Ви порачувам и ве замолувам со оваа постапка против мене да одите до крај. За на крај конечно да излезат на виделина вашите лаги и невистини.

Во меѓувреме, ве известувам дека за вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата.

Народот МОРА и ТРЕБА да ја знае вистината. Овој народ кого го манипулирате со вашите невкусни зборови не е заспан народ, Китески.
Ајде соберете си ја вашата маса од неколкумина и засукајте ракави да му пружите нешто друго на народов, освен бајати лаги.

Кристина Крлеска Деспотоска
Претседателка на ОО СДСМ Охрид