Нурнете во “Нешто Сино” преку фотографската изложба на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид и ликовната изложба на младите таленти од ООУ ”Григор Прличев”, Охрид и ООУ ”Св. Климент Охридски”, Охрид.
Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.