АктуелноОхрид

Засилени контроли на СВР Охрид – затекнати 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци

На 21.03.2023 од 09.00 до 14.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (Охрид- 12, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02). Тие се санкционирани поради движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, небезбедно преминување на улица, преминување надвор од пешачки премин.