Јавното претпријатие работи домаќински и одговорно односно паушални се наводите на Левица дека ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ ОХРИД продава недвижен имот над кој има право на сопственост. Имено станува збор за закажано рочиште за усна јавна продажба на посочениот недвижен имот во извршна постапка која се води пред Извршителот Гордана Џутеска.
Вака закажаната усна јавна расправа за продажба на недвижниот имот сопственост на ЈП Охридски Комуналец е резултат на правосилни и извршни судски решенија и пресуди кои се однесуваат на долгови настанати во минатото.
ЈП Охридски Комуналец Охрид, како одговорно јавно претпријатие кое работи исклучиво за подобрување на јавните услуги кои им ги дава на граѓаните на Општина Охрид, ги има преземено сите правни мерки кои ни стојат на располагање согласно Закон, а се со цел од наша страна да биде овозможено доброволно исплаќање на долговите кои претпријатието ги има спрема своите доверители, а што се однесува на актите донесени од страна на Извршителот Гордана Џутеска во повеќето извршни постапки кои се водат пред неа, а поради кои долгови на ЈП Охридски Комуналец Охрид и е закажано рочиштето за усна јавна продажба, ЈП Охридски Комуналец има поднесено редовни правни лекови пред надлежните судови против сите акти на извршителот чиј резултат е закажаното рочиште за продажба.
ЈП Охридски Комуалец