Се подигнува расфрлан отпад во с. Љубаништа, покрај патот до кампот и крајбрежниот појас меѓу кампот и река Черава
Се одржува јавната чистота во селата Лескоец, Косел, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Велгошти, со посебен акцент на просторот околу основното училиште во Велгошти кое го одбележува својот патронат
Во соработка со училишта, еколошки друштва и невладини организации, секој петок се организира еколошка акција за расчистување на одредени локации; Овој петок заедно со учениците од О.У.Наум Охридски од Пештани ќе се расчистува село Пештани
Се реализира акција за подигнување несоодветно депониран отпад во шумскиот дел од поранешната касарна
Детално се отстранува ниската вегетација од тротоарите и граничниците од коловозите, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
