Прес-конференција на советникот на Левица во советот на Општина Охрид Виолета Аврамоска:
Поминаа десетина дена откако во Охрид e oтстранeта спомен плочата од НОБ пред градбата на Димитар Влахов, чиј изведувач е Нефи ИК, истакна на денешната прес конференција советникот од Левица, Виолета Аврамоска.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Спомен плоча која сведочи дека во таа куќа на 26 и 27 ноември 1941 година биле осудени со смртна казна и казна затвор неколку комунисти поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор и антифашистичката определба на македонскиот народ за време на Втората светска војна.
И покрај бурните реакции на Охриѓани, до денес не се огласи ни, Општина Охрид, ни градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, со реакција и со осуда на овој вандалски чин.
Кому во Охрид му пречи овој дел од македонската историја на македонскиот народ? Кому му пречи народно ослободителната борба на македонскиот народ и неговата антифашистичка определба?
Зошто молчи Општина Охрид и градоначалникот на Општина Охрид во врска со овој вандализам и зошто со нивниот молк го газат достоинството на Охриѓани и достоинството нa македонскиот народ?
извор: Левица