20 годишниот Берат Наџаку од Охрид кој се натпреваруваше во категоријата “Најдобра техника во подготовка на коктели” влезе во 10 те најдобри во полуфиналето на државното првенство.
„ Работев во „Ликвид кафе и клуб“ и тука го стекнав моето најголемо искуство. Многу му сум заблагодарен на мојот менадџер и шеф Владимир Китевски (Ките). Единствено нешто што можам да кажам за коктеливе е дека “Најважна состојка во секој коктел е љубовта што му ја подаруваме на коктелот”, вели Берат Наџаку за Охрид 1.