Наш ИзборНаш изборОхрид

17 Март Ден на крводарителството

Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и
Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на
крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за
пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град.

Хуманоста што ја покажуваат нашите крводарители преку доброволно дарување крв, придонесува да
бидат спасени многу човечки животи.

По повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ, упатуваме искрени
честитки, благодарност и почит кон сите крводарителите, поединци, фирми, институции кои го унапредиле развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година и ги покануваме на пригодна свечаност во просториите на Црвен крст Охрид, на 15 март 2024 г.,(петок) со почеток во 13 ч. на која ќе бидат доделени признанија на заслужните кои придонеле за развој на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2023 година.

 

 

Црвен крст Охрид