Охридскиот бармен и коктел мајстор Даниел Новиќ освои награда за најкреативна декорација во подготовка на коктели на 15-то Државно првенство на бармени што се одржа во Скопје.
На првенството учествува 26 бармени од цела Македонија, кои пред жирито ги покажуваа своите квалитите и способности.
За првпат годинава се одржа „Скопје бар шоу 2024“, во организација на Здружението на бармени на Македонија, во чии рамки беше и Државното првенство.
Најдобриот бармен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Мадеира, Португалија.