– Ние како Сојуз на борци ќе ја следиме постапката и ќе бидеме во постојан контакт со Градоначлникот и одделението за култура во Општина Охрид, информираат во дописот.
На спомен-плочата која се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот беше напишана следната содржина:
Во оваа куќа на 26-ти и 27-ми ноември 1941 година, Прекиот воен суд на бугарскиот фашистички окупатор судеше група комунисти поради организирање оружено востание на македонскиот народ против окупаторот. Осудени беа: Лазар Колишевски на смрт со бесење, Петре Пирузе во отсуство на смрт со бесење, Кирил Главинчев на 12 години на 12 години и 6 месеци строг затвор, Андон Дуков во отсуство на 12 години и 6 месеци строг затвор и Јаким Спироски во отсуство на 8 години и 4 месеци строг затвор.
ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Општините Охрид и Дебрца реагираат на отстранувањето на спомен-плочата и и’ укажуваат на јавноста дека според Законот за меморијални споменици и спомен обележја Сл. Весник на РМ бр.66/2004 година, надлежни за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, се локалните самоуправи на општините во Македонија.
Периодов наназад се бројни реакциите во охридската јавност за начинот на кој е изграден објектот, а особено откако беше отстранета спомен-плочата. Денеска реагираше и познатиот охридски адвокат Владо Чингоски, а за отстранувањето на плочата, вчера со реакција излегоа и од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.