Фирмата ,,Нефи Ик”, тендер партнерот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред својата дивоградба во Охрид ја искрши и отстрани спомен – плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941година, беа осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички ОКУПАТОР. За жал, никој од надлежните не реагира, се вели во соопштението од Левица.
Во продолжение на истото се додава:
Кон крајот на август 2023 година, градежен инспектор утврди отстапување од проектот за реконструкција, го затвори градилиштето и донесе РЕШЕНИЕ за отстранување на нелегалните доградби на објектот. Но, и покрај тоа градежните активности продолжија. Локалниот шериф, Нефи Усеини, не само што не постапи по решението на градежниот инспектор, туку се дрзна да ја отстрани спомен – плочата на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор!
И додека Левица организираше протести против бугарскиот фашистички клуб ,, Цар Борис Трети”, против глорификација на фашизмот, тука во непосредна близина на поранешниот бугарски фашистички клуб, деновиве е отстранет споменикот кој сведочи за антифашистичката определба на охриѓани и македонскиот народ воопшто.
Најзагрижувачки е што надлежните молчат. Молчи и Сојузот на борци, како и коалицијата СДС и ДПМНЕ, за атер на нивниот коалициски партнер ДУИ. #Левица ги повикува надлежните веднаш да излезат на терен и да реагираат, а спомен – плочата да биде повторно поставена на истото место.
Не смееме да дозволиме историското минато на македонскиот народ и неговата антифашистичка борба да бидат заложници на дивоградбите на Нефи и на нечии лични интереси!
извор: Левица ЛО Охрид