вторник, ноември 19, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Едукативни и промотивни активности во рамки на проектот „Дигитализаија и промоција на културното наследство во Охрид “

Во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид реализираше три едукативни работилници за учениците од основните училишта и изработи дигитална брошура за археолошкиот локалитет „Самоилова Тврдина“.

На работилниците кои се одржаа во месец февруари присуствуваа вкупно 134 учесници од шест основни училишта во Општина Охрид, ООУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец; ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид; ООУ „Братство Единство“ – Охрид; ООУ “Кочо Рацин“ – Охрид; ООУ „Григор Прличев“ – Охрид и ООУ„ Христо Узунов“ – Охрид.

Темата на работилниците беше значењето на културното наследство во Охрид и истите се одржаа во два дела, едукативен и забавен. Во првиот дел учениците имаа можност да го прошират своето знаење и да научат нешто повеќе за богатото културно наследство преку кратки презентации со интересни факти, визуелна презентација преку изработени 3Д принт артефакти и проследување на едуактивни видеа. Вториот дел од работилниците беше наменет за забава и тимски игри, во кои учениците имаа прилика за меѓусебно запознавање, дружење и развивање на лидерски и комуникациски вештини.

Дигиталната брошура за „Самоилова тврдина“ се состои од основни информации и детали за овој важен историски локалитет. Планирано е и по завршување на проектот, да се продолжи со константно ажурирање на дигиталната брошура при секои нови резултати од тековните и идните археолошки истражувања. Се изработи и QR CODE со чие скенирање се обезбедува директен пристап до дигиталната брошура. Истиот е поставен на постоечката инфо табла на самиот влез во Самоилова Тврдина, со што домашните посетители и туристите ќе имаат непречен пристап до ажурирани информациите за локалитетот. Исто така, QR кодот ќе биде достапен за користење на сите заинтересирани страни кои се занимаваат со туризам како туристички водичи, туристички агенции и сл.

Брошурата може да ја погледнете на следниот линк: https://rzc-ohrid.com/?page_id=2015