Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов на 02.03 (сабота) ја започна натпреварувачката 2024 година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2024” во соседна Албанија.
Настапивме со 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии , двајца тренери и две официјални лица.Учество на овај натпревар зедоја 27 клубови од 7 земји од Европа , Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби, направија повторно да се гордееме со нив , освојувајќи 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали , истотака оосвојувајќи 5 пехари за најдобри поединци и тоа Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска , Бојана Китаноска, Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место. Резултати од нашите клубови кои учествуваа на “Тирана Опен 2024” ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици ТК “МАСТЕР” од Охрид 1 златен, 3 сребрени ТК “ЧОНЏИ” од Косел Охрид 1 златен, 1 сребрен Пехар за најдобар поединец /кадет ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга со 2 бронзени медали
Можеме да ги пофалиме организаторите за одлична организација и за квалитетниот натпревар, кој после 2-3 месеци пауза ни беше повеќе од потребен. Сакаме да изразиме благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и Општината Охрид а воедно кориситме прилика да го најавиме Државното првенство во Таеквон-до ИТФ на 16 март во мала сала С.Р.Ц.Билјанини извори , исто како минатата година ќе биде органзирано од страна на клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија, и ја има честа да биде организатор.Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф , после државното првенство ќе учествуваме во Корча на Албанија Опен кое ќе ни биде одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-22.04 2024 година, изјавува Марјанчо Лазаревски претседателот на М.Т.Т.Ф.