АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Струга во близина на аеродромот

Сообраќајна незгода се случи попладнево на патниот правец Охрид- Струга во близина на аеродромот, поточно кај бензиската станица „Бесјани“.

Во незгодата учествувале автобус и патничко моторно возило џип кое со предниот десен дел удрило во автобусот.

Засега нема информации за човечки жртви, а причинета е поголема материјална штета. Патниот правец од едната коловозна лента беше затворен за сообраќај додека полицијата вршеше увид на лице место.