АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Започна имплементацијата на проектот “Зелена младина – Зелена иднина”

Започна имплементацијата на проектот “Зелена младина – Зелена иднина” 🌱

🟢 Проектот има за цел да го зголеми нивото на еколошка свест кај младата популација како целна група, конкретно поврзано со постојаниот проблем – цврст отпад во водите на Охридското Езеро.

🟢 Преку низа активности ќе се унапредуваат еколошките сознанија кај младите и ќе се поттикнува нивно учество во еколошки акции, настани и иницијативи.

🟢 Проектните активности треба да доведат до долгорочни придобивки за локалната заедница и да резултираат со еколошки освестена младина која делува во насока на зачувување на природното наследство и биодиверзитетот. 🙋🙋‍♂️

▶ Видеото е дел од фото/видео материјалот создаден во текот на нуркањата во изминатиот период, како дел од активностите од овој проект. На кратко се презентира проблемот со кој се соочуваме и вредноста на Охридското Езеро за која треба да се менуваме. 🤿

📌 Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (Delegation of the European Union, Skopje), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK). Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.

📌 Во период од 12.02.2024 до 16.02.2024 година се одржа дел од активноста за едукација во основните училишта, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” 🌱

🙋🙋‍♂️ Учениците од централното училиште OОУ „Григор Прличев”, Охрид од 4то одделение и од подрачното истоимено училиште во населба Рача, од 4то и 5то одделение, во серија од 5 едукативни работилници/презентации се информираа за проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро.

🌊 Ги надградија своите знаења за тоа како настанува тој проблем и на кој начин предизвикува штета. Се нагласија клучни пораки за значењето за зачувување на Охридското Езеро и добија насоки за усвојување зелени навики и практики. Преку еко-крстозбори, едукативни прашалници и квизови, на креативен начин ги потврдија стекнатите знаењата.

👏 Пофалби за љубопитните и активни ученици, нашата Зелена Иднина💚. Благодарност до исклучително посветените одделенски наставнички и Директорката на ова училиште.